Background

Одземени 70 малокалибарски пушки и 10 пиштоли

Кривична пријава е поднесена против стрелачко друштво од Прилеп, против управителот и ракувачот со оружје за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“

ОВР Прилеп во координација и содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал реализиран е случај на недозволена трговија со оружје сторено од стрелачки клуб од Прилеп.

Имено, на 06.05.2026 до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесена е кривична пријава против управителот К.Ч.(43) од Прилеп, против ракувачот со оружје Т.Д.(73) од Прилеп и стрелачкиот клуб од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

- Advertisement -
Ad image

Во периодот од 26.01.2026 – 29.01.2026 бил извршен увид врз основа на наредба од јавен обвинител и било утврдено дека во стрелачкиот клуб се пронајдени пет малокалибарски пушки за кои не поседуваат соодветна дозвола. Исто така, било утврдено дека управителот заедно со ракувачот на оружје, како дел од управен одбор, вршеле продажба на огнено оружје кое го поседувал стрелачкиот клуб на лица кои не поседувале дозвола за поседување огнено оружје.

Поради тоа, во текот на 06.05.2026 ОВР Прилеп во координација и содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал и Одделот за граѓански работи од стрелачкиот клуб се одземени околу 70 малокалибарски пушки и 10 малокалибарски пиштоли, како и поголема количина на пневматско оружје со цел поведување на управна постапка пред надлежен орган.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation