Регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена ја прекина соработката со својот тим по 16 години. По тој повод, се огласи и самата пејачка.
– Сите знаете дека ја започнав мојата кариера со „Слатки грех“, а потоа, по девет години фантастична соработка, дојде време за промена. Затоа, сега е време да се разделам со бендот со кој работев 16 години. Понекогаш, новите визии и успеси бараат промени. Морам да нагласам дека се разделивме во убава атмосфера. Едноставно дојде време за промени, како во мојата, така и во нивната кариера. Новиот бенд е подготвен за настапи и концерти и се радувам што наскоро ќе ви покажеме сè на што работевме. Нè очекуваат големи работи како што мојата публика е и навикната од мене“, изјавила Брена за српските медиуми.
„Би ставила поголем акцент на фактот дека одржавме одлични концерти во Загреб и уште еднаш приредивме незаборавен спектакл. Горда сум на целиот мој тим. Бендот, продукцијата, дизајнерите, тимот за убавина, танчарите и сите што ни овозможија да имаме пет фантастични концерти во Арена Загреб, а на 23.10.2026 нè очекува шестиот концерт во Загреб и секако ќе има уште многу одлични настапи и концерти. Шоуто мора да продолжи!“, рекла пејачката.