Принцот Вилијам за првпат проговори откако Кејт Мидлтон објави дека нејзината болест е во ремисија.
Принцот Вилијам изрази благодарност за „извонредната“ работа на здравствениот персонал кога пристигнал во Бирмингем на конференција за итна и интензивна нега.
Тој го посвети својот говор на службите за итни случаи во донесувањето ефикасни одлуки под притисок и им пружи поддршка.
Во текот на посетата, Вилијам се смеел и разговарал со разни болничари од различни области на Велика Британија.
Да потсетиме, во текот на вчерашниот ден принцезата од Велс се огласи и рече дека е „олеснување што сега е во ремисија“ од ракот, додека им се заблагодари на персоналот во болницата Ројал Марсден за нивната исклучителна грижа.
„Сакав да ја искористам оваа прилика да му се заблагодарам на Ројал Марсден што толку добро се грижеше за мене во текот на изминатата година. Од срце се заблагодарувам на сите оние кои тивко чекореа заедно со Вилијам и со мене додека поминувавме низ ова. Не можевме да побараме повеќе од тоа. Негата и советите што ги добив во текот на времето како пациентка беа исклучителни. Во мојата нова улога како заеднички покровител на болницата Ројал Марсден, се надевам дека со поддршка на револуционерни истражувања и клиничка извонредност, како и промовирање на благосостојбата на пациентите и нивните семејства, можеме да спасиме многу повеќе животи и да го трансформираме искуството на сите заболени од рак“, напиша Кејт Мидлтон во објавата на Инстаграм.
Tagged as:
Расположен и насмеан по заминувањето на најтешката година за него и принцезата
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
