Background

Распишан е нов меѓународен тендер за 400 киловолтно поврзување со Албанија кое беше запрено поради еднострано откажување на изведувачот на работите

Распишан е нов меѓународен тендер за 400 киловолтно поврзување со Албанија кое беше запрено поради еднострано откажување на изведувачот на работите, информира денеска директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи.

-Изградбата на ова поврзување ќе го позиционира нашиот електроенергетски систем со европскиот, овозможувајќи пристап до стабилни балансни услови. Земјава ќе стане енергетски јазол на Европа. Проектот е важен и за енергетската стабилност на земјата и отпорноста на преносната мрежа со минимизиран ризик од ценовни шокови и можност за зголемување на приклучната моќ на нови енергетски капацитети во системот   – рече Љатифи.

Тој појасни дека по раскинувањето на договорот со изведувачот и анализата на проектот, МЕПСО заедно со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) изработија нов модел на изградба на енергетското поврзување со Албанија.

- Advertisement -
Ad image

-Проектот предвидува изградба на 100 километри надземен далекувод од тафостаницата Битола 2 до албанската граница. Рокот за понуди е 45 дена, а изборот на понудувач до крајот на годината, а реализацијата ќе почне од почетокот на следната година –рече Љатифи.

Тој рече и дека изградбата на ова енергетско поврзување со Албанија ќе чини  17 милиони евра и ќе биде  финансиран од заем и грантови преку ЕБОР и европските фондови.

-Веќе се исплатени околу 5,8 милиони евра кон претходниот изведувач Енергоинвест од кои околу 2 милиони евра се вратени преку банкарските гаранции. Средства се отидени за набавка на опрема која е наша сопственост и е околу 50% од опремата која ни треба за целосна реализација на проектот. За да потврдиме дека опремата и квантитативно и квалитативно е на ниво, ангажиравме стручни лица од Машински и Електро факултет кои тоа го потврдија- рече Љатифи.

Ангажирани беа, како што реше, и дополнителни стручни лица, консултанти и адвокати за да се дојде до одлуката за прекинување на соработката и распишување на нов тендер.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation