Background

ПУТИН ГО ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕНОТ СО ШРЕДЕР

Рускиот претседател Владимир Путин го прославил својот 74 роденден во друштво на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кого Кремљ во вечерното соопштение го нарече „стар пријател“ на Путин.

Кремљ соопшти дека Путин утрото на 7 октомври од медиумите дознал дека Шредер се наоѓа во Москва, по што го поканил во својот дом, пренесуваат „Ведомости“.

„Претседателот го покани својот стар пријател кај себе. Герхард Шредер беше со Владимир Путин додека шефот на државата вчера го прославуваше својот роденден“, се наведува во соопштението на прес-службата на Кремљ.

- Advertisement -
Ad image

Кремљ објави и заедничка фотографија од Путин и Шредер, на која двајцата политичари се наоѓаат во просторија со печка и самовар.

 

 

Шредер во средата престојувал во Москва, каде што се сретнал со вработените во компанијата „ХиперГлобус“, рускиот огранок на германскиот трговски синџир „Globus“.

Поранешниот германски канцелар на почетокот на октомври стана член на надзорниот одбор на компанија која работи во Русија.

Според пишувањата на руските медиуми, Шредер одржал поздравен говор, по што разговарал со вработените зад затворени врати.

Путин претходно зборуваше за Шредер за време на средбата со раководителите на светските новински агенции на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. Тогаш изјави дека не го смета за личен пријател, туку за еден од најдобрите германски државници.

Шредер (82), кој беше германски канцелар од 1998 до 2005 година, со години одржува блиски односи со рускиот претседател. По почетокот на војната во Украина, тој повеќепати ја посетуваше Русија и се среќаваше со Путин.

Во мај 2026 година, Путин го опиша Шредер како „пожелен“ посредник во евентуалните преговори меѓу Русија и Украина.

Соработката на Шредер со руските компании и неговите контакти со Путин со години предизвикуваат контроверзии во Германија, особено по почетокот на војната во Украина.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖