Епидемијата со западнонилската треска во земјава стивнува за што говорат податоците дека во последните две недели има по два нови случаи, а на Клиниката за инфективни болести моментално се хоспитализирани шест пациенти од кои само двајца се во потешка состојба.
– Сметам дека епидемијата стивнува бидејќи последните две недели имаме по два нови случаи. Значи оваа недела после објавувањето на извештајот од Институтот за јавно здравје, во понеделник ќе имаме два нови суспектни случаи. Дека се смирува ситуацијата говори и фактот дека во моментот на Клиниката за инфективни болести има само шест хоспитализирани лица – изјави министерот за здравство Сашо Клековски во однос на извештајот на ИЈЗ за период до 8 септември во кој се наведува дека е регистриран и случај во Свети Николе.
Смирувањето на ситуацијата, според Клековски, не е поврзано со заладувањето бидејќи новите случаи се пред три до 14 дена заразени.
– Мислам дека постапувањето по индикации влијаеше и е постигнато тоа што го очекувавме. Сепак, точни закономерности не постојат во оваа епидемија. Имаме три пронајдени мртви гаврани со вирусот во општини каде нема регистрирано случаи на западнонилска треска, два во општина Карпош и еден во Ресен – посочи Клековски.
На Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се вкупно шест пациенти од кои само двајца се со потешка клиничка слика. Се работи за пациенти кои подолг период се хоспитализирани.
– Тие се подолго време на Клиниката, интубирани се и се на респираторна поддршка. Останатите четворица се во стабилна состојба и се на Одделот на невроинфекции. Двајца се водат како суспектни бидејќи се понови, а кај другите двајца при крај е процесот на опоравување и наскоро ќе бидат отпуштени од болница – изјави директорот на Инфективната клиника Фадил Цана.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
