Хрватска од 1 јануари 2027 година воведува таканаречена Хрватска инвестициска сметка, наменета исклучиво граѓаните да инвестираат во финансиски инструменти со даночни олеснувања, кои, се очекува, да им донесат подобри приноси од оние на сметките во комерцијалните банки.
Законот што ја воведува оваа сметка е на расправа во хрватскиот парламент, а целта е да се поттикнат граѓаните кои штедат да инвестираат во финансиски инструменти на пазарот на капитал.
Хрватската инвестициска сметка (ХИР) е индивидуална сметка на која граѓанинот може да држи и тргува со финансиски инструменти (акции, обврзници, инструменти на паричниот пазар, UCITS фондови, ETF). Без разлика на приносите кои ќе ги оствари од инвестирањето граѓанинот нема да плаќа данок. Сопственикот на сметката ќе може да побара исплата на средства во секое време, а самите плаќања ќе бидат ослободени од оданочување.
Според законот, секој возрасен граѓанин може да отвори таква сметка, дури и за своите малолетни деца, а во овој „модел на стимулации“ е можно и да се штеди. Но, секој граѓанин може да има само една хрватска инвестициска сметка, а се предлага максимален кумулативен износ на плаќања до 200.000 евра по лице, со можност за дополнителна уплата во износ од 50.000 евра како бонус за долгорочни инвестиции на пазарот на капитал.
Сепак, постои услов – државата бара граѓанинот кој ќе поседува ваква сметка да инвестира најмалку 20% од пари во Хрватска. Ова значи дека најмалку една петтина од портфолиото мора да биде инвестирана во хрватски акции, обврзници или фондови што инвестираат на домашниот пазар, а ова правило не важи само во првата година по отворањето на сметката. Доколку го прекршите овој услов и не го коригирате коефициентот, ја губите даночната корист и плаќате данок на исплатената добивка.
-Нашата цел е многу јасна во политичка и економска смисла. Сакаме дел од заштедите на граѓаните, кои денес се претежно во банкарски депозити, да ги насочиме кон инвестиции во акции, обврзници, фондови и други финансиски инструменти на пазарот на капитал. Така, отвораме можности за долгорочни инвестиции со потенцијално подобри приноси од оние на сметките во комерцијалните банки, со што се зголемува достапноста на капитал за нашите претприемачи и се зајакнува хрватскиот пазар на капитал- изјави премиерот на хрватска Андреј Пленковиќ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
