Background

Продуцентот Иво Јанковски смета дека Азески е идеален за овој проект

Еден од мотивите за создавање на поткастот „Бизнис клуб“ е да се инспирираат младите претприемачи кои сакаат да почнат со свој бизнис, преку слушање реални приказни за успех. Исто така, целта е да се охрабрат младите да тргнат по својот пат во нашата држава, а не да одат во странство, посочи на денешната прес-конференција продуцентот на овој поткаст, Иво Јанкоски.

Како што соопштија претходно од Стопанската комора, формирањето на Бизнис клубот „Европа“ е резултат на поткастот „Бизнис клуб“ во кои се селектирани плејада млади македонски бизнисмени, воедно и како успешна алатка за пристапување кон ЕУ, чии активности ќе бидат насочени кон подобрување на конкурентноста и продуктивноста на македонското стопанство кои на одреден среден рок природно би придонеле кон раст на бруто домашниот производ, раст на куповната моќ и доближување на нашата земја до ЕУ.

Јанкоски информираше дека првата епизода на овој поткаст се емитуваше на 28 ноември минатата година, а потоа секој четврток се емитува нова епизода во 12 часот, на Јутјуб каналот на Стопанската комора. Тој посочи дека до сега имале осум епизоди, во кои гостувале бизнисмени од различни области, како што е градежништво, безалкохолни пиијалоци, онлајн продажба, маркетинг услуги, тутунска индурстрија, машинска индустрија и многу други.

- Advertisement -
Ad image

Како што рече, гостите се сопственици и менаџери на познати компании и тие во разговорот со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески ги пренесуваат своите животни патишта, искуства, како и сите подеми и предизвици низ кои поминале.

Тој информираше дека планот е со овој поткаст да продолжат понатаму до крајот на првата сезона која ќе се одвива до мај оваа година. Како што најави, во вториот дел од поткастот, покрај македонските бизнисмени ќе гостуваат и балкански бизнисмени.

– Првичната иницијатива за креирање на овој поткаст беше моја, бидејќи во еден период, поттикнат од традиционалните дигитални медиуми кои секојдневно лиферуваат негативни вести, црни хроники и криминалистички скандали, има многу „talk“ шоуа, без посебен концепт или содржина, секоја чест за исклучоци. Јас се одлучив да предложам еден нов проект, нов поткаст поврзан со бизнисот во Македонија. Сметам дека не постои поквалификувана личност од господинот Азески, кој има способност да води ваков поткаст – рече Јанкоски.

Тој порача дека постоење на еден ваков поткаст во државата е важен од повеќе причини. Пред сѐ, посочи, тој претставува инспирација за младите претприемачи, ваков медиум може да ги мотивира младите луѓе кои сакаат да почнат со свој бизнис, најмногу преку слушање на реални приказни за успех, предизвици и решенија, и секако, да ги охрабри да тргнат по својот пат токму тука во нашата држава, а не да одат во странство.

– Ваквите поткасти се важни заради споредување на практичните искуства на успешните бизнисмени. Тие имаат драгоцени совети кои можат да ги споделат со аудиториумот, поврзани со своето лично искуство, за тоа како стигнале до она што се денес. Друга причина е фокусирање на локалните успешни бизнис приказни, бидејќи Македонија може да биде бизнис дестинација и мислам дека овие примери ја разбиваат предрасудата дека во нашата држава успехот е невозможен, дека успехот најчесто е возможен на друго место, во странство. Мотивот е и преку овој поткаст да се развие фигура на успех, да почне да се менува начинот на размислување, особено кај младите луѓе, да се поттикнат да бидат поиновативни и попретприемачки настроени. Поткастот е медиум кој допира до најшироката публика – додаде Јанковски.

Проектниот менаџер на Комората, Наташа Јаневска на прес-конференцијата рече дека активностите на „Бизнис клуб“ ќе бидат насочени кон подобрување на конкурентноста и продуктивноста на македонското стопанство, што на среден рок допринесува кон раст на БДП, на куповна моќ и приближување на нашата држава кон ЕУ.

– Целта на воведувањето на бизнис клубот „Европа“ ќе биде ЕУ, односно интегрирање во процесите на ЕУ и ќе биде поврзан со прашања од областа на ЕУ, со прашања за градење политики поврзани со Европската Унија, промоција на процесот на пристапување кон ЕУ преку дискусии, тркалезни маси и други форми на дебати. Важно е тоа што фокусот на бизнис клубот ќе биде насочен кон остварување на цели и приоритети кои ги има Комората, а се поставени во стратегијата – извос, инвестиции и инфраструктурата – рече Јаневска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation