Продолжува судењето на момчето на пејачката Ријана, раперот АСАП Роки, за наводното пукање во поранешниот пријател Терел Ефрон, познат и како АСАП Рели. Сега се појавија информации дека Ријана можеби ќе дојде во судницата за да го поддржи Роки.
Имено, извори блиски до пејачката за американскиот портал ТМЗ изјавиле дека Ријана ја разгледува можноста да се појави на суд. Пејачката, како што се тврди, била клучна во изборот на членовите на поротата, со оглед на тоа што судот ги прашал потенцијалните кандидати дали се нејзини обожаватели и дали купувале производи од нејзиниот бренд „Фенти бјути“.
Судењето на АСАП Роки, кое започна во понеделникот, продолжува денеска. Наводно, малку е веројатно дека Ријана веднаш ќе се појави на суд, но изворите велат дека таа може да се види на судењето во текот на неделата. Инаку, Ријана и раперот ги имаат синовите Рза (2) и Риот Роуз (1).
Да потсетиме, на првото рочиште присуствувал и адвокатот на Роки, Џо Такопина, кој рекол дека се работи за стартен пиштол од кој пукал само ќорци. Тој исто така верува дека Ефрон е мотивиран од „љубомора, лаги и алчност“. Целиот случај зависи од неговиот кредибилитет“, коментира Такопина.
Роки, чие вистинско име е Раким Мајерс, беше уапсен во април 2022 година за напад со смртоносно оружје, а полицијата не го објави името на жртвата. Подоцна беше откриено дека тоа е Ефрон. При претресот во неговиот дом бил откриен вистински арсенал оружје, а според тогашните извештаи на медиумите и други докази. Доколку Роки биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 24 години.