Судскиот процес поврзан со злоупотреба на европските фондови доби нов тек откако обвинетата Јасмина Костадинова призна дека примила поткуп од 2.000 евра за манипулација со ранг-листа за доделување финансиски средства.
Костадинова, која работела во Министерството за земјоделство, побара од судот да ѝ се вратат дел од запленетите средства, тврдејќи дека станува збор за лични пари.
Во истиот случај, како првообвинет за давање поткуп се јавува Џевдет Насуфи, поранешен министер и директор на компанијата „Сигнас-Арго“. Обвинет за примање мито е и Илија Стоилев, поранешен директор на Агенцијата за финансиска поддршка.
Обвинителката Наташа Поп Трајкова нагласи дека случајот има сериозни импликации врз односите со Европска Унија, оценувајќи дека ваквите злоупотреби го нарушуваат кредибилитетот на државата.
Од друга страна, адвокатот Ѕвонко Давидовиќ истакна дека буџетските средства треба да се третираат еднакво, без разлика дали се домашни или европски, и дека тежината на делото не треба автоматски да се зголемува поради потеклото на средствата.
Поради скандалот, Европска комисија привремено ги стопираше средствата во износ од 2,9 милиони евра, кои во меѓувреме се деблокирани.
Пресудата за Костадинова се очекува во понеделник, додека судскиот процес за останатите обвинети продолжува во текот на мај.
Tagged as:
Јасмина Костадинова Признание за случајот „ИПАРД“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
