Background

ПРИГОДНИ НАСТАНИ ВО ЧЕСТ НА ХРИСТО УЗУНОВ

Со низа пригодни настани, денеска во Охрид беше одбележана 121 година од смртта на македонскиот револуционер Христо Узунов.

Делегација на Општина Охрид, предводена од Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски положи свежо цвеќе пред спомен-бистата на Христо Узунов во градскиот парк. Свежо цвеќе беше положено и на неговиот гроб кај селото Цер, на местото на неговата херојска погибија.

Во спомен куќата на Христо Узунов се одржа културен настан, на кој во името на Општина Охрид се обрати  советничката Цветлана Вељаноска.

– Денес одбележуваме 121 година од херојската погибија на еден од најголемите македонски револуционери, охриѓанецот Христо Узунов. Неговата визија за слободна Македонија и посветеноста на истата, го реди во самиот врв на македонските борци и народни трибуни.

Роден и воспитуван во семејство на револуционери, Христо Узунов уште од најраната младост својот живот го посветува на идејата за слободна Македонија. Во пресвртните моменти од Илинденската епопеја зазема значајно место во организирањето и водењето на битките против османлиската војска.

Неговата посветеност и саможртва претставуваат вечна инспирација за сите генерации македонци, за тоа како се сака и се чува својата татковина.

Личноста на Христо Узунов, претставува вистински и нескршлив столб на македонското битисување. Ние како генерација сме должни да го чуваме и негуваме ова бесценето наследство.

Почитувани присутни, денес се поклонуваме пред Христо Узунов, кој херојски и несебично го жртвуваше својот живот за слободна Македонија.
Слава му!
, истакна Вељаноска во своето обраќање.

- Advertisement -
Ad image

Во рамки на настанот беше изведена монодрамата „Син на две мајки – Последната ноќ пред истрелот“, во изведба на учениците Климент Размоски и Леа Шумуликоска од ОСУ „Св. Климент Охридски“, под менторство на професорката Ирена БачиќНастап имаше и охридскиот музичар Ѓоко Чеменкоски, кој изведе родољубиви песни.

Чествувањата за Христо Узунов започнаа вчера, со полагање на свежо цвеќе во дворот на ООУ „Христо Узунов“ и одбележување на патрониот празник на истоименото училиште.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation