Background

Приемот на Украина во ЕУ ќе ја уништи Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека евентуалниот прием на Украина во ЕУ, на кој инсистираат Брисел и опозициската партија Тиса, ќе го загрози развојот на Унгарија.

– Нашата земја се соочува со сериозна закана: влез на Украина во ЕУ. Оваа опасност ни е над глава. Вчера во Брисел беше претставен пакет за забрзување на пристапувањето на Украина во ЕУ. Ако тоа се случи, сите пари на Унгарците ќе треба да се потрошат за нашиот источен сосед – рече Орбан на отворањето на последната делница од автопатот М-44.

Тој истакна дека „не само што нема да стигнат средствата од ЕУ што и припаѓаат на Унгарија, туку дури и парите од унгарскиот буџет ќе завршат во Киев, па долго време нема да се гради ништо, а камоли пат“, пренесува унгарски Немзет.

- Advertisement -
Ad image

Орбан го повика унгарскиот народ на референдум да го изрази своето мислење за влезот на Украина во ЕУ.

– Во наредните години ова прашање за членството на Украина во Европската унија ќе биде најважното прашање во унгарската политика. Позициите се јасни: Брисел и партијата Тиса се за членство на Украина, а ние, националните сили, сме против тоа – рече Орбан.

Според него, Брисел сака проукраинска влада во Унгарија која ќе ги исполни барањата на Киев. „Тоа се однесува на пактот Брисел-Тиса. Брисел помага да се загрози економскиот развој на Унгарците со поддршка на партијата Тиса, која, пак, го поддржува членството на Украина и економската и воената помош за Украина“, рече тој.

Орбан нагласи дека во последните денови започна нова ера во унгарската политика, а „Брисел и Тиса отворено признаваат дека целта им е да го уништат животниот стандард на Унгарците“.

– Тие сакаат и работат на тоа нашата земја да пропадне… Нема да дозволиме тоа да се случи, ќе ја направиме Унгарија успешна, без разлика колку и да се обидуваат да ја исфрлат нашата земја од колосек. Тоа е голема борба, тие мора да престанат заедно со Украина. Тоа е голема задача, но ние не се плашиме – рече премиерот на Унгарија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation