Еден од повредените во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пред камерата на „Супорт Кочани“ раскажа што се случувало таа кобна ноќ.
– Сè се случи многу брзо, за кратко време се прошири пожарот, јас не успеав да излезам и останав заглавен во дискотеката, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, еден од нив ме извлече и ме упатија во општата болница Кочани – вели Роберто Божинов и им се заблагодари а медицинските тимови на трите болници за кои вели дека го спасиле и му помогнале да застане на нозе.
Роберт се има лекувано во три разчични болници во две држави, има поминато повеќе од 2 недели само во болнички соби. Од болницата Каролинска во Шведска тој бил префрлен во клиниката „8 септември“ во Скопје.
Божинов им се заблагодари на, како што вели сите познати и непознати луѓе кои му помогнале, вклучително и македонската дијаспора во Шведска.
Tagged as:
Преживеан во трагедијата во Кочани раскажа за кобната ноќ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖