Background

Претседателката посакува свет во кој мирот е главната опција

Многу пати сум рекла дека мирот и нашата безбедност, во најголем степен зависат од нашите вооружени сили. Убаво е да знаете дека стоите на чело на армија, којашто е почитувана, компатибилна со останатите, иако е мала, таа е најголемиот гарант за нашиот мир, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова која на првиот ден од новата година ги посети припадниците на Армијата во касарната „Јане Сандански“ во Штип.

Претседателката Силјановска Давкова при посетата и разговорот со припадниците на Армијата рече дека видела импресивна воена опрема и дека се работи на држење чекор со најсовремените трендови.

- Advertisement -
Ad image

– Тоа е логично кога зборуваме за НАТО Армија. Се разбира, моето последно прашање беше колку чини сето тоа. Секогаш јас мислам дека оние 2 проценти се голема сума, секогаш размислувам за тие 2 проценти во други сфери и посакувам да нема потреба да се користи ова оружје. Тоа го посакувам и заради овие зад мене и заради овие пред мене и заради началникот, посакувам свет во којшто мирот ќе биде главната опција, а нема да размислуваме за вооружување. Се разбира јас ги разбирам потребите, меѓутоа исто така прашав дали се ова донации или пак одвојуваме од буџетот. Она што е најважно не е всушност оружјето, туку луѓето – изјави Сиљановска Давкова.

Таа посочи дека припадниците кои се дел од Вториот пешадиски баталјон извонредно ја поминаа евалуацијата во 2022 година.

– Знам дека оваа година е најважната пред новата евалуација во 2026 година. Но, од редовните контакти со началникот, со генералите јасно ми е дека подготовките се постојани, дека тие се во кондиција, во тек со современите доктрини на војување. Но, дозволете ми како некој кој не сонувал дека ќе биде сведок на презентирање на вакво современо оружје, да кажам дека јас отсекогаш сум била за мирот, секогаш сум давала предност на мирот и мислам дека е многу почовечки и многу поумно секогаш превентивно да се постапува. Кога ќе дојде до војна, тоа е веќе пораз на оние кои не смееле да доведат до тоа – рече Силјановска-Давкова.

Шефицата на државата додаде дека 2025 е година кога ќе се слави 80 години од ООН. Како што рече, Обединетите нации настанаа како еден базично мировен концепт и тогаш сите се колнеа дека никогаш повеќе нема да дозволиме војна.

– Но, се соочуваме со војна. И Европската Унија настана како мировен концепт и нејзините основачи Шуман, Аденауер, Де Гаспери, Моне, тогаш велеа дека таквата организација ќе обезбеди траен мир, а она што ме загрижува е што денес војуваат европски држави, Украина и Русија. Значи, се надевам дека 2025 година ќе биде година во којашто местото каде што треба да решаваат проблемите Њујорк, ООН навистина ќе биде искористено – изјави Сиљановска Давкова.

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал мајор Сашко Лафчиски, рече дека војниците се високо мотивирани и спремни за изведување на своите задачи.

На крајот од посетата, претседателката Сиљановска Давкова на Вториот пешадиски баталјон му подари видео проектор и присуствуваше на заедничкиот ручек.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation