Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се уште не добила покана за инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари, изјави денеска нејзината портпаролка Пола Пињо.
– Ако добие покана, ќе видиме, но во моментов нема планови (да присуствува на инаугурацијата) – рече Пињо.
Странските лидери традиционално не присуствуваат на инаугурацијата на американските претседатели од безбедносни причини, но на церемонијата ги претставуваат највисоките функционери.
Поканите, меѓу другите, ги примија и кинескиот претседател Си Џинпинг, поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и италијанскaта премиерка Џорџа Мелони.