Background

Пренџов исистира најитно да се одржи надзорната расправа за Алта банка

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов побара што побрзо да се одржи надзорната расправа Комисијата за финансирање и буџет за случајот со Алта банка.

– Како што знаат македонските граѓани, на 2 ноември, на иницијатива на Социјалдемократскиот сојуз, а поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со консензус беше донесена одлука на Комисијата за финансирање и буџет да се одржи надзорна расправа за случајот со Алта банка.
Покрај тоа што имавме консензус за одржување на надзорната расправа, втората работа за која имавме целосен консензус беше таа да се одржи најбрзо што може. Расправата е закажана за 11 ноември, односно 9 дена од донесувањето на одлуката, и тоа наводно е најбрзото што може.
А сите знаеме дека 9 дена не е нешто што е навистина брзо – рече Пренџов.

Девет дена се користат за ширење страв, хистерија во општеството, манипулирање и лажни вести, додаде тој.

- Advertisement -
Ad image

– Интересот на Социјалдемократскиот сојуз и на Венко Филипче не се ниту штедачите во банката, ниту луѓето кои се пензионери и земаат пензија од таа банка, ниту пак компаниите кои имаат сметки во Алта банка. Единствениот интерес на Венко Филипче е ширење вештачка криза, која потоа ќе му користи исклучиво за ден повеќе да ја задржи фотелјата во рамки на Социјалдемократскиот сојуз – рече Пренџов.

Финансиската стабилност, додаде тој, монетарната политика, курсот на денарот и стабилноста на банкарскиот систем се дел од националната безбедност на Република Македонија.

– Сметаме дека поради ширење хистерија, страв кај населението и предизвикување несигурност помеѓу граѓаните, исклучиво преку лажни вести и полувистини, Обвинителството треба да се вклучи и да даде свој придонес во оваа ситуација. Оваа тема не е дневна политика и не смее да служи за зачувување на фотелјата на Венко Филипче во СДСМ. Нашата цел е што поскоро да се одржи надзорната расправа, на која ќе бидат вклучени сите кои директно или индиректно имаат какво било влијание, согласно закон, во целата ситуација поврзана со банката – рече пратеникот.

На таа надзорна расправа, преку прашањата на пратениците до надлежните функционери и институции, целата македонска јавност ќе може да ги слушне фактите и да добие одговори, додаде Пренџов.

– Тогаш ќе стане јасно дека сите овие лаги, полувистини, шпекулации и ширењето хистерија се исклучиво во функција на зачувување на столчето на Венко Филипче. Повторувам, на 2 ноември имавме консензус не за една, туку за две работи. Првата беше да има надзорна расправа, а втората таа да се одржи веднаш, најбрзо што може. Народски кажано, утре! Нека не биде утре, нека биде за два-три дена. Но, 9 дена е само купување време со цел да се шири паника, несигурност и хистерија во македонското општество – рече пратеникот Љупчо Пренџов.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖