Премиерот на Гренланд ќе се сретне со кралот на Данска

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
epa11222647 Greenland's Prime Minister Mute Bourup Egede speaks during a press conference as part of the opening of the new EU office in Nuuk, Greenland, 15 March 2024. The opening of the EU Office in Nuuk and in the wider Arctic region is part of the EU's Arctic strategy, according to the European Commission. EPA-EFE/LEIFF JOSEFSEN DENMARK OUT
- Advertisement -
Ad image

Премиерот на Гренланд, Муте Егеде, денеска ќе оствари средба со кралот на Данска, Фредерик Десетти, откако новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, изјави дека сака САД да го контролираат Гренланд.

Трамп, кој ја презема функцијата на 20 јануари, вчера изјави дека не може да ја исклучи можноста за прибегнување кон воена или кон економска акција против Данска за да го направи Гренланд дел од САД. Истиот ден, неговиот најстар син, Доналд Трамп Џуниор, беше во приватна посета на островот ,богат со минерали.

Егеде, кој синоќа пристигна во Копенхаген, пред неговото патување најави дека средбата со данскиот крал Фредерик, која е планирана за денеска, е одложена. Денеска, сепак, данскиот кралски двор соопшти дека средбата ќе се одржи, без да даде повеќе детали.

Гренланд, со население од 57.000 жители, е дел од Данска веќе 600 години и моментално во голема мера ги контролира своите внатрешни работи како полусуверена територија во рамките на данското кралство. Неговите односи со Данска неодамна беа затегнати поради наводите за лошиот третман на граѓаните на Гренланд за време на колонијалното владеење.

По забелешките на Трамп, Егеде рече дека островот не е на продажба, а во својот новогодишен говор ја нагласи желбата за независност од Данска.

Данска, исто така, тврди дека територијата не е на продажба и дека за нејзината судбина може да одлучуваат само граѓаните на Гренланд.

Во 2019 година Трамп ја откажа планираната посета на Данска откако премиерот Мете Фредериксен ја отфрли неговата идеја САД да го купат Гренланд.

Share This Article