Background

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи помина во прво читање на пленарна седница во Собранието

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи помина во прво читање на пленарна седница во Собранието, што претставува, како што наведуваат надлежните, важен институционален чекор кон зајакнување на заштитата на јавното здравје.

Законот, според Министерството за здравство, има за цел особено да ги заштити децата, младите, непушачите и сите граѓани кои имаат право на здрав и безбеден јавен простор, при што ја следи актуелната реалност во која покрај класичните цигари се користат и електронски цигари, загреани тутунски производи и други нови форми на никотински производи.

„Законот ја следи реалноста на денешното време, во кое, покрај класичните цигари, постојат електронски цигари, загреани тутунски производи и нови форми на никотински производи, кои бараат современа и јасна регулатива“, појасни министерот за здравство Азир Алиу, се наведува во соопштението од Министерството.

- Advertisement -
Ad image

Според податоците што ги изнесува Министерството, тутунот е поврзан со над 3.600 смртни случаи годишно, додека економските загуби се проценуваат на над 600 милиони евра годишно. Дополнително, загрижувачки се и статистиките според кои 13,6 % од младите на возраст од 13 до 15 години користат тутунски или никотински производи, 57 % од учениците се изложени на пасивно пушење во затворени јавни простори, а 73 % од младите пушачи изјавиле дека не им било спречено купување цигари и покрај возраста.

– Овој закон е за здравјето на граѓаните и за иднината на нашите деца. Со него се воведуваат појасни правила за терасите, поголема заштита во здравствените, образовните и детските установи, ограничувања за пушење во присуство на деца, како и сеопфатна забрана за рекламирање и промоција, вклучително и преку онлајн-платформите и социјалните мрежи. Здравјето нема цена и нема алтернатива – додаде министерот Алиу.

Тој исто така нагласи дека подготовката на законското решение е резултат на инклузивен и долготраен процес на консултации со сите засегнати страни.

– Во рамките на процесот беа одржани 7 работни состаноци со тутунската индустрија, 5 состаноци со угостителскиот сектор, усогласувања со државните институции и со 14 инспекциски и надзорни органи. Преку ЕНЕР беа разгледани 58 коментари од граѓани, трговци и експерти – вели министерот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation