Пратеникот Бране Петрушевски денеска порача дека Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија немаат неисплатени обврски кон припадниците на Армијата.
Петрушевски потсети на колективниот договор потпишан во 2024 година, во времето кога министерка за одбрана беше Славјанка Петровска, посочувајќи дека со него не биле опфатени пензионираните припадници на АРМ.
– Потписничката на тој колективен договор, Славјанка Петровска, го потпиша токму на денот кога беа распишани изборите во 2024 година, со што се отворија сомнежи за мотивите и целта на самиот договор. Во тој момент овие пензионирани припадници на АРМ не беа во работен однос, па колективниот договор не можеше да важи за нив. Колективниот договор уредува права и обврски на вработени лица. Не може со колективен договор да се уредуваат права и обврски на луѓе кои не се во работен однос – посочи Петрушевски.
Тој додаде дека денеска состојбата е поинаква и дека во Министерството за одбрана и во АРМ нема ниту денар неисплатени обврски, а сите побарувања се подмирени.
– Веќе има судски пресуди во кои се наведува дека не можат да се исплаќаат права врз основа на колективен договор на припадници на АРМ кои веќе биле пензионирани во моментот на неговото потпишување. За среќа, имаме министер за одбрана во чиј мандат платите на припадниците на АРМ ќе се зголемат за 10 проценти, а имаме и историско решение за припадниците на АРМ со наполнети 45 години, кои имаат можност да продолжат да служат во Армијата – нагласи Петрушевски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
