Background

Познатиот пејач Лијам Пејн почина откако падна од балкон на хотел во Буенос Аирес, а причината за смртта ја потврди истрагата во Велика Британија

Познатиот пејач Лијам Пејн почина откако падна од балкон на хотел во Буенос Аирес, а причината за смртта ја потврди истрагата во Велика Британија.

Медицинската причина за неговата смрт била „политраума“, што значи дека лицето претрпело повеќе трауматски повреди на телото.

На сослушувањето одржано на 17 декември во окружниот суд во Бакингемшир било кажано дека може да потрае извесно време за да се утврди точниот начин на кој умрел 31-годишниот Лијам.

- Advertisement -
Ad image

Пет лица се обвинети за смртта на Пејн откако паднал од балконот на третиот кат на хотелот „КасаСур“ во Буенос Аирес.

Меѓу обвинетите има менаџер на хотел, рецепционер и пријател на Пејн, соопшти претходно аргентинското Национално обвинителство за кривични и корективни работи.

Обвинетите се менаџерката на хотелот Гилда Мартин, рецепционерот Естебан Граси и пријателот на Пејн, Роџер Норес.

Други двајца, хотелскиот работник Езекиел Переира и келнерот Брајан Пејс, беа обвинети за снабдување со кокаин.

Истрагата за смртта на Пејн во Велика Британија е одложена до прегледот на предистрагата на 6 ноември, соопшти окружниот суд.

Медицинската причина за смртта ја потврди д-р Роберто Виктор Коен како „политраума“, што значи повеќекратни трауматски повреди.

На сослушувањето, исто така, било кажано дека Пејн, кој бил опишан како „пејач и забавувач“ во текот на сослушувањето, бил официјално идентификуван „со помош на погребните служби во Бакингемшир“.

Главниот судија Криспин Батлер реко во текот на сослушувањето: „Иако во Аргентина е во тек истрага за околностите на смртта на Лијам, за кои немам правна јурисдикција, се очекува да се добијат релевантни информации, особено во врска со начинот на кој Лијам починал, ќе потрае некое времр преку формалните канали на Министерството за надворешни работи, Комонвелтот и Канцеларијата за развој.

На погребот на Пејн во ноември во Бакингемшир присуствуваше Шерил Кол, мајката на неговиот син Беар, како и членовите на бендот „Уан дирекшн“, Хари Стајлс, Зејн Малик, Нијал Хоран и Луис Томлинсон, заедно со неговото семејство и пријателите.

Откако се распадна „Уан дирекшн“, Лијам Пејн започна успешна соло кариера, објавувајќи го својот прв соло албум „ЛП1“ во декември 2019 година, кој ги вклучуваше песните „Polaroid“ и “Strip That Down“ со Куаво, како и песната „For You“ со Рита Ора.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation