Раде Шербеџија го доби петтото внуче. Неговата ќерка Нина, сопругата на српскиот актер Филип Ѓуриќ, во саботата родила син, а таа и на бебето се чувствуваат одлично, пренесе српска Нова.
Нина и Филип се запознале во 2014 година, а почнале да се забавуваат во 2018 година. Во јули 2023 година, тие се венчаа во Нови Сад каде што живеат и работат. Нина носеше долга, луксузна венчаница, а Раде ја водеше до олтарот. Една од фотографиите од венчавката, на која актерот ја држи за рака својата ќерка Нина, стана вирална на социјалните мрежи.
Сопругот на Нина, Филип Ѓуриќ, ѝ е познат на јавноста по улогите во сериите „Група“, „Црна свадба“, „12 речи“, „Кљун“, а и филмовите „Моја утринска насмевка“ и „Толку за денес“. Покрај актерството, Ѓуриќ се занимава и со педагошка работа.
Како што пишува во неговата биографија, по завршувањето на Втората гимназија во Крагуевац, се запишал на Академијата за уметности во Нови Сад каде што и магистрирал и моментално работи како асистент на тој факултет.
Раде покрај Нина ги има и ќерките Милица и Вања од бракот со Ленка, а синот Данило и ќерката Луција му се од првиот брак со Иванка Церовац.