Во пожар што избувнал во хотелот „Бруклин“ во приморскиот албански град Валона, повредени се повеќе туристи, при што петмина се пренесени на лекување во Тирана, а еден е во критична состојба.
Според Министерството за здравство, тројца од повредените се примени во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза“. Еден од пациентите е во сериозна состојба, поради високиот процент на изгореници и бара континуирано медицинско следење и нега, објавија медиумите.
Двајца пациенти се на лекување во Универзитетската болница за трауматологија.
– Медицинскиот персонал ќе продолжи внимателно да ја следи здравствената состојба на повредените, обезбедувајќи им ја потребната медицинска помош – наведуваат од здравствените установи.
Петмина од повредените се туристи од Косово, а еден е албански државјанин. Засега нема официјална потврда за причината за пожарот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
