Background

Повикани амбасадори на Израел, се бара ослободување на активистите

Британија, Полска, Канада и Италија ги повикаа израелските амбасадори поради видеото што го објави министерот за национална безбедност на Израел Итамар Бен-Гвир. Снимката прикажува приведени активисти од флотилата за Газа. Реакции стигнаа и од Европската Унија, додека дел од приведените активисти започнаа штрајк со глад во израелските затвори.

Бен-Гвир објави видео на кое се гледаат како активистите врзани со пластични стеги клечат на земја. Според израелски и меѓународни медиуми, активистите биле приведени откако израелските сили ја пресретнале флотилата „Глобал Сумуд“ во меѓународни води.

Лондон соопшти дека снимката и однесувањето кон активистите предизвикале сериозна загриженост.

- Advertisement -
Ad image

„Таквото однесување ги крши најосновните стандарди на почит кон луѓето и нивното достоинство“, се наведува во соопштението на британското Министерство за надворешни работи кое бара објаснување од Израел за условите во кои се држат активистите.

„Понижување и бес“ ја тресат Европа

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски објавил дека израелскиот вршител на должноста во Варшава ќе биде итно повикан на разговор. Варшава побарала извинување поради, како што навел Сикорски, „крајно несоодветното однесување“ на член на израелската влада.

Полска истовремено побарала итно ослободување на своите државјани кои биле дел од флотилата.

Бен-Гвир веќе е под санкции од Канада

Канада исто така го повикала израелскиот амбасадор поради притворањето на активистите од флотилата „Глобал Сумуд“. Канадскиот премиер Марк Карни соопштил дека официјална Отава бара гаранции за безбедноста на канадските државјани кои учествувале во мисијата. Организаторите тврдат дека во флотилата имало 11 канадски државјани.

„Одвратниот третман на цивилите на флотилата, вклучително и оној документиран во видеото што го сподели Итамар Бен-Гвир, е неприфатлив“, напишал Карни на Икс.

Карни потсетил дека Канада веќе вовела санкции против Бен-Гвир, меѓу кои замрзнување на средства и забрана за патување.

 

 

„Неприфатливо и погрешно“ 

Италијанската премиерка Џорџа Мелони побара официјално извинување од Израел поради третманот на италијанските активисти. Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани го повикал израелскиот амбасадор за да побара објаснување.

Рим оценил дека израелските власти покажале целосно непочитување кон барањата на италијанската влада.

Портпарол на Европската комисија го опишал третманот кон активистите како „целосно неприфатлив“.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, пак, изјави:

– Однесувањето на израелскиот министер Итамар Бен-Гвир е недостојно за секој што извршува функција во демократска држава – изјавила Калас.

Реакција испратил и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. Тој навел дека е потресен од начинот на кој биле третирани активистите и побарал нивно итно ослободување. Сличен став објавила и британската министерка за надворешни работи Ивет Купер.

И Нетанјаху го прекори министерот

Реакција стигна и од Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјавил дека Израел има право да спречува, како што рекол, „провокативни флотили на поддржувачите на Хамас“, но оценил дека начинот на кој биле третирани активистите не е во согласност со вредностите и нормите на Израел.

Флотилата „Глобал Сумуд“ соопштила дека Израел ги запленил сите 50 бродови од конвојот за помош за Газа. Во мисијата учествувале 428 лица од 44 држави, кои испловиле од Мармарис, Турција, со намера да ја пробијат блокадата на Газа што трае од 2007 година.

Активстите ќе бидат депортирани во Турција

Активистите денеска се ослободени и во текот на денот ќе бидат депортирани во Турција.

Во соопштението на израелската организација за човекови права „Адалах“ се наведува дека околу 430 активисти се ослободени од затвор во јужен Израел и ќе бидат депортирани преку аеродромот „Рамон“ во близина на Еилат на Црвено Море.

Претходно, дел од приведените активисти започнале штрајк со глад во израелските затвори. Организаторите на флотилата тврдат дека најмалку 87 лица се приклучиле на протестот. Тие навеле дека штрајкот претставува солидарност со  над 9.5000 палестински затвореници што се наоѓаат во израелските затвори.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation