Развиените економии се најголемите виновници за буџетските нерамнотежи во светот, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева по минатонеделните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ).
Според неа, нивото на долг на земјите во развој се намалило во последните неколку години, но поради наглото зголемување на приносите од обврзници на другите пазари, нивните трошоци за позајмување се зголемиле повеќе од двојно.
– Просечните трошоци за сервисирање на долгот таму се зголемиле повеќе од двојно во однос на нивото од пред 10 години, достигнувајќи 14% од државните приходи и истиснувајќи ги средствата наменети за образование, здравство и други клучни области – рече таа.
Георгиева по средбите на ММФ и Светска банка, исто така, изјави дека многу прашања останале нерешени, особено на темата – вештачка интелигенција.
– Се наоѓаме во ситуација каде што имаме многу повеќе прашања отколку одговори. Затоа ги предупредувам сите: не наседнувајте на оние кои се преправаат дека имаат одговори. Тие ве лажат – рече таа.
Tagged as:
ПОСКАПУВААТ КРЕДИТИТЕ ЗА ЗЕМЈИТЕ ВО РАЗВОЈ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
