Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Бразилецот Марсело, одлучи да се пензионира. Тој објави видео во кое зборува за својот пат во фудбалот и се присети на важни моменти од неговата кариера.
– Мојата љубов кон фудбалот ми беше пренесена од татко ми. Тој сакаше да станам професионален фудбалер и направи сѐ што може за да го оствари тоа. На 18 години Реал Мадрид ме повика и така завршив овде. Сега можам со гордост да кажам дека сум вистински Мадридиста. Ова е местото каде што мојата сопруга и јас основавме семејство. 16 сезони, 25 трофеи, 5 титули во Лигата на шампионите, една од нив како капитен… И многу магични вечери на Бернабеу. Каква авантура. Реал Мадрид – единствен пат. Мадридизам е неописливо чувство. Да се игра за својата земја од многу рана возраст е исто така голема чест. Секогаш ќе ги негувам двата олимписки медали и Купот на конфедерации. Враќањето во Флуминензе значеше дека сакам да му се оддолжам на клубот за она што ми го дадоа на почетокот, да им помогнам да освојат три трофеи, вклучувајќи го и Копа Либертадорес и да оставам наследство за идните генерации во форма на стадионот Марсело Виеира. Мојот пат како фудбалер заврши тука, но имам уште што да му дадам на фудбалот. Ви благодариме за сè – рече Марсело во видеото.
Покрај Флуминезе и Реал, 36-годишниот бразилски фудбалер има играно и за Олимпијакос.
Tagged as:
Бразилецот Марсело одлучи да се пензионира Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖