Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Тајван е следната потенцијална цел за инвазија.
Тука Трамп мисли на инвазијата на кинеската војска, која утрово во близина на Тајванскиот Теснец организираше воена вежба на десантните единици. Тој смета дека руско-украинскиот конфликт би можел да влијае и на сè поголемата агресивност на Кина.
– Тајван е следниот на ред. Само гледајте во Тајван, претседателот на Кина Си радосно го одмерува – изјави Трамп.