Присила Присли беше видена во вторникот (21.10) во Германија, во ретко јавно појавување со својот син Навароне Гарибалди Гарсија. Мајката и синот пристигнаа во Баесвајлер во пресрет на продолжувањето на турнејата во овој град, во рамките на нејзиното шоу „Вечер со Присила Присли“. Поранешната сопруга на покојниот Елвис Присли во Германија го запознала славниот пејач, а сега таму ја потпиша Златната книга на градот пред специјалниот настан посветен на нејзиниот живот со Елвис.
Присила (81) позираше со Навароне (31), главниот пејач на групата „Тем ганз“ (Them Guns). На видеото што го споделија странските медиуми, Присила, облечена во црна ролка, црни панталони и црни чизми, им порача на жителите дека со нетрпение ја очекува прекрасната вечер.
„Вечер со Присила Присли“ е разговор во живо на сцена, во кој таа споделува лични спомени, зборува за својата кариера и размислува за животот со Елвис и по него. Настанот е дел од нејзината турнеја низ Европа. И нејзиниот син беше облечен во склад со мајка си, во црни фармерки и црн џемпер, кој ја истакнуваше неговата тетоважа околу вратот.
Нивната посета на Германија ја организирал Детлеф Малинковиц, германски музичар и долгогодишен обожавател на Елвис, кој им се придружил на патувањето. Присила го запознала Елвис во Германија во 1959 година, на забава во неговиот дом, на која бил поканет нејзиниот татко. Таа тогаш имала само 14 години.
– Здраво на сите. Среќен сум што патувам со мајка ми и ви благодарам за добредојдето. Сите беа толку љубезни – изјавил Навароне. Во последните неколку дена Присила ја посетила и Данска, каде што организирала слични настани во Копенхаген и Рандерс.
Присила го доби Навароне со својот поранешен партнер Марк Гарибалди, телевизиски продуцент, со кого помина речиси 30 години. Се запознале во 1984 година, таа забременила во 1987 година, а раскинале пред четири години. Навароне е фронтмен и главен пејач на рок-групата „Тем ганз“, а воедно е и деловен партнер во луксузната улична модна колекција „Навароне бај Лоранда“ (Navarone by Loranda), соработка меѓу него и дизајнерот Лоранда Коза, пишува магазинот Hello!.
Присила е и мајка на покојната Лиса Мари, единствената ќерка на Елвис.
Лиса Мари трагично почина во 2023 година, на 53-годишна возраст, поради опструкција на тенкото црево предизвикана од сраснувања по претходна операција. Зад себе ги остави трите ќерки: познатата актерка Рајли Кио и 18-годишните близначки Харпер и Финли Локвуд. Тие претходно овој месец станаа полнолетни, а нивната баба Присила им ги честиташе родендените на Инстаграм.
„Среќен роденден, Харпер и Финли“, напиша таа покрај нивната фотографија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
