Background

Порака од клучен соработник на Путин до полскиот вицепремиер Сикорски

Варшава ќе престане да постои за два до три дена доколку дојде до воен конфликт со Русија, порача долгогодишниот клучен, близок соработник на рускиот претседател, човекот од сенка, Николај Патрушев.

Ова е директниот одговор од Москва на неодамнешните изјави на шефот на полската дипломатија, Радослав Сикорски за воената супериорност на НАТО над руските сили.

– Тоа што Сикорски, тврдејќи дека Полска има воена супериорност над Русија, не го разбира е дека во случај на воени дејствија против Москва, Варшава би престанала да постои во рок од два до три дена – рече Патрушев.

- Advertisement -
Ad image

Тој додаде дека шефот на полската дипломатија „ја проценува руската воена моќ аматерски“ и одбива да разбере дека руските вооружени сили не го користат својот целосен потенцијал за време на нивната специјална воена операција во Украина.

Патрушев се смета за еден од највлијателните и најрадикалните луѓе во рускиот безбедносен апарат, таканаречените „силовики“. Поранешниот долгогодишен шеф на домашната тајна служба ФСБ и поранешен секретар на Рускиот совет за безбедност со децении е дел од најтесниот круг на доверба на Владимир Путин. Познат е по својата исклучително остра антизападна реторика и застапувањето отворен конфликт со НАТО.

Полскиот министер и вицепремиер Радослав Сикорски за време на посетата на Киев рече дека, во случај Русија да нападне една од членките на Алијансата, НАТО ќе ги победи руските сили „прилично брзо“. Тој ја нагласи огромната предност на Алијансата во воздухот, истакнувајќи дека европските членки на НАТО, дури и без САД, имаат околу 2.500 борбени авиони во споредба со околу 300 руски.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова ги нарече неговите зборови „перење мозок со русофобија“.

Растечката размена на закани меѓу Москва и Варшава доаѓа во услови на нов бран на гранични тензии. На 13 септември, руските сили со млазен дрон нападнаа цивилен воз на железничката станица Јагодин, веднаш до полската граница, во време кога поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, и малку порано, поранешниот британски премиер Борис Џонсон, беа на станицата. По тој напад, полскиот премиер Доналд Туск свика итен состанок и отворено предупреди на постојаната опасност од руска агресија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation