Времето денеска во целата земја претпладне ќе биде облачно со повремен локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 5 во Берово до 10 во Скопје, а максималните дневни од 12 во Берово и 17 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 10 до 16 степени.
В среда нѐ очекува сончево со умерена облачност, а попладне променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 3 степени до 9 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 17 степени до 23 степени.
Метеоролозите за во четврток најавуваат променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер.
Минималните утрински температури ќе се движат од 4 степени до 10 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 19 степени до 24 степени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
