Background

Помина една година од смртта на еден од најпочитуваните хрватски џез музичари, Матија Дедиќ, а неговата ќерка Лу Дедиќ (24) ја одбележаа тажната годишнина со трогателна објава на социјалните мрежи

Помина една година од смртта на еден од најпочитуваните хрватски џез музичари, Матија Дедиќ, а неговата ќерка Лу Дедиќ (24) ја одбележаа тажната годишнина со трогателна објава на социјалните мрежи.

– Незамисливо е што повеќе не си тука, што никогаш повеќе нема да те видам, но ќе останам силна затоа што ти најмногу ѝ се восхитуваше на мојата сила. Секогаш велеше дека јас сум силна лавица, а ти си емотивна риба. Ова беа некои од нашите омилени теми; астрологија, нумерологија, мистерии, теории на заговор… теми за кои дискутиравме со часови во твојата кујна со кафе и цигари. Меѓу другото, го наследив од тебе и тоа; мечтаење, бујна, незапирлива имагинација и филозофирање, потрага по поголемата слика и подлабокото значење на сè околу нас – напиша младата музичарка и наследничка на славното презиме.

Таа продолжи: Ти благодарам за сè, за твојата грижа, нежност и љубезност, за животот што ми го овозможи и во текот на кој ме чуваше како капка вода на дланката, твојата единствена ќерка. Ќе ги исполнам нашите соништа и ќе те направам горда, исто како што ти ме направи мене најгорда на светот затоа што додека растев, ја сфатив и твојата професионална величина. Како мало дете те викав „масторе“ (мајстор) и ти беше навистина неповторлив мајстор во она што го правеше и остави зад себе големо музичко наследство. Во овој, за жал краток период што го поминавме заедно, успеавме да соработуваме и професионално, за што сум бескрајно благодарна, пред сè, затоа што знам колку те исполни тоа. Уште еднаш, ти благодарам за сè, а сега одмори се, тато мој.

- Advertisement -
Ad image

 

Матија Дедиќ ја доби Лу во бракот со Марина Скоти, а нивната блиска врска беше видлива и преку нивната заедничка љубов кон музиката. Ќерката тргна по стапките на својот татко и во последните години успешно ја изгради својата музичка кариера. Изминатиот период беше особено тежок за Лу. За кратко време, таа ги загуби татко си и баба си Габи Новак, а претходно јавно зборуваше за своите големи животни загуби.

Да се потсетиме дека Матија Дедиќ почина на 8 јуни 2025 година на 53-годишна возраст, оставајќи неизбришлив белег на хрватската и регионалната музичка сцена. Тој беше син на музичките великани Габи Новак и Арсен Дедиќ и еден од најистакнатите хрватски џез пијанисти и композитори.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation