Background

ПОКЛОНИЦИ НА ХИТЛЕР СЕАТ СТРАВ НИЗ ГЕРМАНИЈА!

Тројца германски државјани се приведени, по налог на Канцеларијата на главниот државен обвинител во Карлсруе, под сомнение дека подготвувале терористички напади со екстремно десничарска заднина, а истовремено беа извршени претреси на десетина локации поврзани со забранетата организација „Терор 18“.

Тројцата приведени се товарат поради членство во терористичката организација „Терор 18“, чија активност е насочена кон германскиот уставен поредок. Приведените се на возрат од 14 и 15 години.

Дел од германските медиуми објавија дека групата „Терор 18“ имала конкретни планови за напад врз објектите каде се сместени бегалците во Долна Саксонија.

- Advertisement -
Ad image

Полицијата изврши и претреси на десетина локации ширум Германија.

„Членовите на оваа група се обединети преку длабоко отфрлање на политичкиот и демократскиот поредок на Сојузна Република Германија. Со цел да се борат против државата што ја презираат и да шират несигурност меѓу населението, здружението на обвинетите си поставило за цел вршење сериозни кривични дела во име на групата „Терор 18“, конкретно, подметнување пожари и насилство, вклучително и насочени убиства на странци и политички противници“ – се наведува во соопштението од Канцеларијата на сојузниот јавен обвинител, која постапува по предмети поврзани со наводни закани за уставниот поредок на Германија.

Во исто време почна истрага против уште тројца обвинети членови на организацијата „Терор 18“. Сите осомничени се класифицирани како „млади возрасни лица“ (поединци кои, според својата возраст, подлежат на целосна законска одговорност).

Од обвинителството понатаму посочуваат дека членовите на организацијата „Терор 18“ покажуваат висок степен на радикализација, која напредувала со брзо темпо.

Во крајно десничарските кругови, бројот 18 служи како симбол за иницијалите на Адолф Хитлер, изведен од позицијата на овие букви во латиничната азбука.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖