Почна гласањето на дијаспората

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Гласањето на парламентарните избори на Косово закажани за утре, започна денеска во 7 часот во претставништвата на Косово во Европа.

Гласањето во дипломатско-конзуларните претставништва во САД и Канада ќе започне подоцна, во 13 часот по средноевропско време.

Централната изборна комисија (ЦИК) на прес-конференција соопшти дека дијаспората гласа на 43 избирачки места во 16 амбасади и 14 конзулати на Косово, лоцирани во 19 различни земји.

За гласање во овие 30 дипломатски претставништва се пријавени вкупно 20.324 гласачи.

Право на глас на изборите за Собранието на Косово имаат 2.075.868 граѓани, кои своето право на глас ќе можат да го остварат во 941 избирачки центар и 2.533 гласачки места, соопшти ЦИК.

Во самото Косово право на глас имаат 1.970.944 граѓани, а во дијаспората 104.924 лица.

На деветите парламентарни избори во Косово од прогласувањето на независноста учествуваат 28 политички субјекти, од кои 19 политички партии, пет коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат. Има и шест политички субјекти од српската заедница.

Според предизборните анкети и очекувањата на политички аналитичари, главната изборна битка ќе се води меѓу Движењето Самоопределување на Албин Курти, Демократската лига на Косово на Лумир Абдиџику, Демократската партија на Косово на Мемли Красниќи и Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај.

Собранието на Косово има 120 пратенички места, од ​​кои 20 се загарантирани за припадниците на малцинските заедници. Српската заедница има 10 пратенички места, бошњачката заедница има три, турската заедница има две, ромската (заедницата РАЕ) има четири, а Горанската заедница има едно пратеничко место. Изборниот праг е 5%.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article