Почина актерката Весна Стојановска Николовска, информираа администраторите на Фејсбук групата „Бардовите на македонското глумиште“.
Стојановска Николовска беше долгогодишна актерка во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје.
На јавноста ѝ е најпозната по улогите во Македонските народни приказни, Еурека, Тврдокорни, Солунски патрдии, Последната македонска елегија, итн…
Стојановска Николовска за публиката и за колегите важеше за еден од симболите на Македонските народни приказни.