Српскиот фолк пејач Харис и модната дизајнерка Мелина Џиновиќ љубовната приказна ја започнаа во 2002 година, а во текот на заедничкиот живот ги добија синот Кан и ќерката Џина. По 12 години врска, тие решија да ја официјализираат љубовта со брак.
Последниве месеци Мелина се пресели на Азурниот брег, во Монако, каде што се посвети на работата во модната индустрија.
Убавата Мелина неодамна се огласи на Инстаграм каде најмногу објавува содржини поврзани со својата работа, а во таа прилика го сподели и текстот на песната на Јована Пајиќ „Презиме се брише“.
Нејзината објава поттикна коментари дека се пронашла во песната, а делот што го сподели гласи:
„Мозокот ме боли, телото ме боли, очите ми се пресушија, солзите ги угушија, ова лудило е чисто, а само еднаш, а само еднаш, нешто кога би испила, себеси би се потопила.“