Background

По повеќе од 33 часа битка со огнот изгаснати се повеќето пожари во Битолско

По повеќе од 33 часа битка со огнот изгаснати се повеќето пожари во Битолско, соопшти Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола.

Единицата со целокупниот расположлив капацитет, интервенираше на пожарите што на 12 август 2026 година, околу 15:30 часот, избувнаа прво во селото Маково, потоа нови пожари се појавија и во селата: Граешница, Кукуречани, Ергела, Гнеотино, а најтешка беше борбата со огнот во селата Ивањевци, Новоселани и Лознани. Интервенцијата на противпожарните екипи траеше до 14 август, до 01:00 часот по полноќ.

Во текот на ноќта, како поддршка на битолските пожарникари, се приклучија екипи од ТППЕ Кавадарци, тимови за брз одговор од Дирекцијата за заштита и спасување со четири возила „пинцгауер“, како и жители од месното население.

- Advertisement -
Ad image

Во селото Маково пожарот е локализиран. Сепак, на мал дел од непристапен терен, каде што има експлозивни направи од Првата светска војна, сѐ уште забележлив е чад.

Од ТППЕ Битола информираат дека на сите локации станува збор за подметнати пожари, кои претставуваа сериозна закана за населените места.

Општина Битола изразува голема благодарност до сите ангажирани противпожарни екипи за нивната храброст, пожртвуваност и професионалност. Со нивното навремено и ефикасно дејствување беа спречени големи опасности за куќите и другите објекти во селата на територијата на општините Могила и Новаци.

Општина Битола и ТППЕ Битола апелираат до сите граѓани да се однесуваат совесно и одговорно, да не палат оган на отворен простор со цел да се спречи повторување на вакви опасни состојби.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation