Марго Роби по десет години брак официјално го промени презимето. Според новите документи објавени во британскиот Регистар на компании, актерката сега е заведена како Маргот Елис Акерли, односно го презела презимето на својот сопруг, филмскиот продуцент Том Акерли.
Промената се појавува во деловната документација поврзана со нивната продукциска компанија „LuckyChap Entertainment“, која двајцата ја основаа во 2014 година. Според документите, промената на податоците на Марго била направена во јануари годинава, а новите податоци се објавени во септември.
Сепак, засега нема информации дека 36-годишната актерка планира да го напушти името Марго Роби под кое стана светски позната. Промената е потврдена во деловните записи, а не е најавено дека тоа ќе биде и нејзиното професионално име.
Марго и Том се запознале додека работеле на филмот „Suite Française“. Таа имала споредна улога, додека Акерли бил помошник-режисер. Од пријателство нивниот однос прераснал во љубов, а во декември 2016 година се венчаа на приватна церемонија во Австралија.
Две години пред венчавката, тие со Џози Мекнамара и Софија Кер ја основале „LuckyChap Entertainment“. Продукциската куќа подоцна стоеше зад филмови како „I, Tonya“, „Promising Young Woman“, „Saltburn“ и огромниот хит „Barbie“, во кој Марго ја играше главната улога и беше и продуцентка.
Двојката во 2024 година доби син, но внимателно го чува приватниот живот и досега не го откри неговото име. Марго и Том вообичаено не зборуваат многу за семејството, па и промената на презимето помина без голема најава – додека не се појави во официјалните документи.
Tagged as:
актерката официјално го презеде презимето на сопругот По десет години брак
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
