Background

Платформата на Мицкоски против СДСМ

Зад затворените врати на хотел „Лимак“, под превезот на таканаречените „Chatham House правила“, група поранешни функционери на СДСМ, заедно со претставници на ЗНАМ и членови на други партии, организираше средба чија единствена цел е обид за слабеење и уривање на СДСМ.

Ова не е реформска иницијатива. Ова е координирана операција за создавање на лажна опозиција која ќе ја држи СДСМ во состојба на постојана внатрешна криза, токму во моментот кога партијата се консолидираше по тешкиот пораз, до кој ја доведе токму оваа екипа која денеска се организатори на платформата.

Во таа група се наоѓаат луѓе кои директно учествуваа во креирањето на катастрофалните изборни резултати во 2024 година – од шефот на изборниот штаб во Првата изборна единица, до идеолозите на програмата со која СДСМ беше тешко поразен. Кога партијата се најде во најтешка состојба, тие се повлекоа. 

- Advertisement -
Ad image

Сега, кога СДСМ се опорави, истите тие се враќаат – не за да помогнат, туку за да ја нападнат однадвор, во координација со структури блиски до власта.

Фактот што средбата се одржува зад затворени врати, без никаква транспарентност, а главниот фокус е внатрешен напад врз раководството на СДСМ, а не критика на политиките на Мицкоски, говори сам за себе. 

Ова не е борба за подобро СДСМ. Ова е обид за контролирана фрагментација на опозицијата.

Учесниците во оваа иницијатива – дел од старата и новата УДБА, луѓе кои ја доведоа партијата до историски најниска поддршка, и кои сега соработуваат со ЗНАМ и други партии – не се реформатори. Тие се политички опортунисти кои, откако не успеаа да ја урнат СДСМ одвнатре, сега се обидуваат да го направат тоа однадвор, во сервис на истата власт против која наводно се борат.

СДСМ нема да дозволи нејзината судбина да ја одлучуваат затворени состаноци во хотели, ниту пак луѓе кои ја напуштија партијата кога беше најтешко, а сега се враќаат како „спасители“.

Вистинската консолидација на СДСМ се случува на терен, меѓу членството и со раководство кое ја презеде одговорноста во најтешкиот момент. 

Сè друго е само нова верзија на ЗНАМ – проект за слабеење на опозицијата во корист на националистичката власт.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation