Англискиот голман Џордан Пикфорд зад голот чувал белешки за аргентинските пеналџии. Откако Аргентина ја порази Англија, шишето заврши во рацете на Лионел Меси и неговите соиграчи.
Шишето го забележал член на стручниот штаб на Аргентина. Набргу завршило кај играчите, а потоа и кај капитенот Лионел Меси.
Според снимките што се проширија на социјалните мрежи, Меси и неговите соиграчи со љубопитност ги разгледувале белешките и барале превод на напишаното.
Белешките ги подготвил тренерот на голманите на Англија, Португалецот Енрике Хиларио. На списокот имало детали за повеќе аргентински репрезентативци и проценка каде најчесто шутираат од белата точка.
За Меси, на пример, било наведено:
„Лажно гледа лево, шутира десно.“
Монтиел – фрли на лево
Паредес – застани лево, фрли се надесно
Мек Алистер – фрли се надесно
Фернандез – застани во средина
Гонзалез – застани, потоа реагирај
Алварез – фрли се налево
Лаутаро Мартинез – фрли се надесно
Де Пол – застани десно, помести се кон средина, фрли се на лево

Алмада – зависи од чувството тој ден
Отаменди – преправај се дека одиш десно, фрли се налево
Лопез – фрли се надесно, остави ја ногата
Паласиос – фрли се надесно, направи го решителниот прв чекор, оди!
Ло Селсо – преправај се дека одиш надесно, фрли се на лево
Паз – фрли се на лево
Медина – застани, фрли се на лево
Барко – застани, фрли се надесно
Лисандро Мартинез – застани, фрли се на лево
Молина – застани десно, фрли се надесно
Талафико – фрли се налево
Симеоне – фрли се надесно
Сенеси – фрли се надесно
Рулџи – фрли се на лево
Иронијата е што Англија воопшто не стигна до пенал-рулетот. Избраниците на Томас Тухел водеа во второто полувреме и беа на чекор од финале, но Аргентина направи голем пресврт.
Енцо Фернандес и Лаутаро Мартинез со голови во завршницата го свртеа резултатот и ја одведоа актуелната светска шампионка во ново мундијалско финале.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
