Стрелецот на победничкиот гол против Англија не можеше да ги задржи емоциите по пласманот на Аргентина во финалето на Светското првенство. Лаутаро Мартинез откри дека уште пред натпреварот им најавил на соиграчите што ќе се случи.
Мартинез го постигна решавачкиот погодок со кој Аргентина обезбеди ново мундијалско финале против Шпанија.
Уште на почетокот од интервјуто мораше да направи пауза.
– Не знам, навистина е така… – рече Лаутаро, пред емоциите да го совладаат.
Откако се созеде, аргентинскиот репрезентативец објасни колку му значи моментот.
– Многу е силно, навистина многу силно. Отсекогаш сонував да го постигнам овој гол, уште од првиот пат кога татко ми ми купи копачки – изјави Мартинез.
Тој повторно застана за момент, а потоа им се заблагодари на најблиските.
– Успехот им го посветувам на мајка ми, која никогаш не престана да ми го мести креветот кога заминав во Расинг. Тоа за мене значи повеќе од гол или финале. Им го посветувам и на моите деца, кои ми го променија животот – рече Лаутаро.
Напаѓачот откри дека имал силно претчувство уште пред почетокот на полуфиналето.
– Сонував за ова, се колнам. Му реков на Мек Алистер дека ќе постигнам гол, а на Факу Медина му кажав дека ќе влезам и ќе го решам натпреварот – изјави Мартинез.
Неговиот погодок во финишот донесе голем пресврт и ја одведе Аргентина во финалето, каде што за титулата ќе се бори против Шпанија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
