Трагичен настан, што се случи во пристанишниот град Драч, ја вознемири албанската јавност. Возач, кој управувал возило под дејство на алкохол, удрил во група деца додека играле на тротоар, при што две деца починале на самото место, а трето е тешко повредено и се бори за живот, објавија албанските медиуми.
Од ударот на местото на несреќата починале две деца на 10 и 13-годишна возраст, додека едно на 8- годишна возраст се бори за живот на клиниката за трауматологија во Тирана. Четвртото дете кое било со нив, е неповредено.
Возачот Никол Радачи (57) побегнал од местото на несреќата, оставајќи го возилото, но подоцна бил уапсен од полицијата. При апсењето рекол: „Убијте ме, не заслужувам да живеам ги зедов на душа децата”.
– Едно од децата што го загуби животот, и тоа што е тешко повредено, се братчиња, додека третото починато дете им е братучед. Неговите родители се во Италија на лекување од канцер на неговиот татко, а дома со него била неговата сестра – објавија медиуми пренесувајќи изјави на соседите.
Соседите исто така тврдат дека возачот Радачи, кој живеел во истиот дел на Драч, бил познат како проблематичен, изведувал опасни маневри со автомобилот и консумирал алкохол.
По трагичниот настан, што се случи во неделата доцна попладне, реагираа државниот врв, политички партии и министри, кои изразија длабоко сочувство до семејствата.
Премиерот Еди Рама упати апел до медиумите и порталите на поголема одговорност и чувствителност во известувањето за настаните.
„Должност на сите, но особено на медиумите, е да покажат воздржаност, чувствителност и одговорност“, напиша тој на социјалните мрежи, додавајќи дека „објавувањето морничави слики не е информирање, туку само ја зголемува болката на погодените семејства”.
Tagged as:
ДВЕ ОСТАНАА НАМЕСТО МРТВИ ПИЈАН ВОЗАЧ ПРЕГАЗИ ТРИ ДЕЦА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
