Background

Ана Винтур открива кого не сака да види на Мет Гала

Мет Гала, најголемата модна ноќ во годината, ќе се одржи вечерва (04.05), односно, во првиот понеделник од мај, во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк.
Темата за оваа година е Costume Art, a дрес-кодот, Fashion is Art (Модата е уметност).
Иако списокот на гости е една од најстрого чуваните тајни во светот на модата, едно име јавно заврши на евоевидна црна листа. Во 2017 година, кога Ана Винтур, во шоуто на Џејмс Корден, беше прашана кого никогаш повеќе нема да покани на Мет Гала, кратко одговори: Доналд Трамп.
Тој и Меланија Трамп присуствувале на настанот неколку пати претходно, но последниот пат беше во 2012 година. Слична судбина, барем според неговите сопствени тврдења, доживеал и Тим Ган. Поранешниот ментор на Project Runway рече дека Винтур го ставила на црната листа откако раскажал анегдота за неа што ја сметала за неласкава. Сепак, неговата забрана никогаш не беше официјално потврдена.
Били Портер неодамна исто така изјави дека не бил поканет, но не тврдеше дека му е забрането да присуствува.
А зошто Мет Гала се одржува првиот понеделник во мај? Мет Гала постои од 1948 година, но тој датум не бил секогаш правило. Настанот порано се одржувал на крајот од годината, а пролетниот датум почнал да се востановува по изложбата посветена на Жаклин Кенеди во 2001 година.
Традицијата на првиот понеделник во мај беше воведена во 2005 година, со изложбата на Шанел, и оттогаш стана речиси неразделен дел од идентитетот на Мет Гала.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation