Петрушевски: Сите се откажаа и извинија за Артан Груби, само СДСМ не се извини затоа што со години му дозволија да краде

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сите се откажаа и извинија за Артан Груби, само СДСМ не се извини затоа што со години му дозволија да краде, порача денеска пратениот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– И ДУИ и Тетовскиот универзитет, сите се дистанцираат од криминалецот и бегалецот Артан Груби, сите освен СДСМ. СДСМ покрај ДУИ се најмногу виновни зошто на Македонија воопшто ѝ се случи Груби. Да не беше нивната желба за власт по секоја цена или ќе воведоа постапка против него или воопшто немаше да дозволат да дојде до тоа – рече Петрушевски на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема амнестија за СДСМ во случајот Груби, од првиот ден знаеле што прави, додаде тој.

–  СДСМ доколку сериозно размислува како партија која сака да биде чинител во општеството, треба да се извини што го толерирале Груби и што не повеле постапка пред органите во нивно време. А веднаш потоа да ги повикаат на одговорност и сите нивни функционери кои тоа го овозможиле. Всушност, заради вакви како Груби и многу други од нивните редови, СДСМ и ДУИ ги протуркаа измените во Кривичниот законик. Спасија голем број криминалци, но очигледно, за среќа на државата и сите нас, не можеле да ги спасат сите – рече пратеникот Петрушевски.

Share This Article