Пет лица загинаа на новогодишната ноќ во различни области на Германија при палење моќни огномети, а во Берлин еден полицаец е тешко повреден од пиротехничко средство

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пет лица загинаа на новогодишната ноќ во различни области на Германија при палење моќни огномети, а во Берлин еден полицаец е тешко повреден од пиротехничко средство, соопштија денеска германските власти.

Во Берлин, каде поради страв од немири беа мобилизирани бројни полицајци, приведени се околу 330 лица, соопшти полицијата.

Повредени се вкупно 13 полицајци, од кои еден потешко и морал да биде опериран. Тој бил погоден со нелегално произведено пиротехничко средство, изјави портпаролот на полицијата.

Неколку полицајци и спасувачи биле погодени со пиротехнички средства за време на интервенциите на новогодишната ноќ, рече портпаролот. Тој додаде дека, за разлика од некои претходни години, во Берлин немало насилство или поголеми инциденти.

Германците традиционално ја слават Новата година со особено интензивна употреба на огномет, што редовно предизвикува дебата за забраната на најмоќните средства поради зголемениот број на повреди, но и поради загадувањето и силната бучава што ја произведуваат.

Share This Article