Background

Пет лица, меѓу кои и три деца, се повредени во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на скопската обиколница кај Мирковци, откако автомобил БМВ излетал од коловозот

Пет лица, меѓу кои и три деца, се повредени во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на скопската обиколница кај Мирковци, откако автомобил БМВ излетал од коловозот.

Несреќата била пријавена околу 18:40 часот.

„На обиколница на град Скопје, кај клучка Мирковци, патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Р.Н. од Кондово, излетало од коловозот“, соопшти МВР.

- Advertisement -
Ad image

Во несреќата тешко бил повреден возачот, додека повреди добиле и неговите сопатници.

Според информациите од полицијата, повредени се 40-годишната С.Н. и тројца малолетници кои биле во возилото.

Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за состојбата на повредените.

На местото на несреќата увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Причините за излетувањето на возилото засега не се соопштени, а истрагата продолжува.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation