Перински задоволен од одѕивот по вториот повик за општините

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Заклучно со вчера се поднесени околу 20 апликативни формулари за 20 проекти од три локални самоуправи по вториот повик за доделување финансиска помош за општините за инфраструктурни проекти, информира министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој денеска заедно со неговиот заменик Ерџан Селим ја посети Општина Гази Баба како дел од караванот „Каде што срцето е дома“.

– Тоа е добро зашто локалните самоуправи мора да пополнат апликативни формулари и да ја досредат целата документација за да аплицираат. Само во првиот ден добивме 20-тина апликации што навистина е добро и покажува дека градоначалниците подготвено го дочекаа вториот јавен повик – посочи Перински во одговор на новинарско прашање и додаде дека искуството од првиот повик ќе им помогне на општините сега правилно да аплицираат и да немаат проблеми како што имаа дел од нив на првиот јавен повик.

Тој оцени дека денеска во Општина Гази Баба ќе имаат исклучително битни средби во насока на подобрување на легислативата која се однесува на локално и на централно ниво, но, додаде дека ќе има можност и да се разговара со креаторите на локалните политики како што се советниците и градоначалникот.

– Од исклучителна важност ни се ваквите посети за да можеме да креираме и да превенираме мерки кои се во интерес на граѓаните и на локалниот развој. Општина Гази Баба за нас е многу битна поради тоа што две третини од нејзината површина е рурална, а ние се стремиме кон рамномерен регионален развој – изјави Перински пред средбите со советниците и градоначалникот на Општина Гази Баба.

Тој нагласи дека Општина Гази Баба е одличен пример како треба да се инвестира во рурален, но и во урбан дел.

– Посетата ќе ја искористиме и да разговараме за претстојната измена на Законот за локална самоуправа. Очекувам плодна дебата и се надевам дека во иднина ќе ги подобриме сите законски решенија со цел да креираме подобра средина за живот – рече Перински.

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски посочи дека локалната самоуправа подготвена го дочека вториот повик за финансиска поддршка од страна на Владата за реализација на инфраструктурни проекти во општините.

– Во текот на вчерашниот ден до Министерството за локална самоуправа доставивме 12 проекти со целокупната документација за нивна реализација. Сметам дека проектот за финансиска поддршка на општините е особено важен за брз развој на општините со особен акцент на регионален рамномерен развој, бидејќи преку него ќе се решат децениските проблеми со кои се соочуваат. Убеден сум дека преку овој проект ќе ги решиме сите проблеми кои ги имаат граѓаните а се однесуваат на комунална и патна инфраструктура – изјави Стефковски.

Тој нагласи дека општината на првиот повик аплицирала со четири проекти – изградба на нова детска градинка во Инџиково, реконструкција на Домот за култура „11 Октомври“ во Ченто, изградба на новопроектирана улица на потегот меѓу Керамидница и Маџари, и изградба на нова спортска сала во Црешево.

- Advertisement -
Ad image

– Дел од овие проекти веќе се во фаза на реализација, а во текот на вчерашниот ден аплициравме со 12 проекти – изградба на уште една нова детска градинка на потегот помеѓу Керамидница и Маџари, доградба на ОУ „Крум Тошев“ во Трубарево, изградба на фекална канализација во Јурумлери, изградба на фекална канализација во Идризово и Дрма и реконструкција на повеќе улици како што е Париска комуна, Палмиро Тољати, 519, Жан Жорес – прецизира Стефковски.

Share This Article