Пејачот Владо Георгиев ги шокираше своите следбеници на мрежата Икс со објавата дека одлучил да се придржува до најстрогиот пост – целосно без внесување храна, за да го активира процесот на автофагија.
Георгиев пред девет дена откри дека почнува предизвик – да се воздржува од храна на подолг временски период.
Повторно гладување и автофагија, без храна во следниот период, ќе видиме колку. Се надевам што подолго, но и 100 часа се голема работа за организмот – напиша Георгиев.
Станува збор за диета попозната како автофагија, процес во кој телото ги користи сопствените ресурси за енергија во текот на долготрајниот пост, елиминирајќи ги токсините и топејќи ги масните наслаги.
Во текот на овој режим на исхрана, забрането е внесување секаква храна, но дозволено е консумирање вода, чаеви и природни сокови без калории. За да се активира процесот на автофагија, потребно е да не се внесуваат калории најмалку 12 до 16 часа.
Георгиев, очигледно, оваа граница далеку ја надминал, а неговите обожаватели внимателно следат како неговиот експеримент ќе тече понатаму.
Владо Георгиев е на строга диета, односно внесува само течност во организмот. И додека досега најчесто објавуваше за тоа како има енергија и како се чувствува одлично, сега признава дека не е секогаш така.
– 223-ти час, господа. Целта е 240 часа, што е полни десет дена без храна, само вода, чаеви и еспресо. Признавам, за првпат вечерва имав непријатна сензација (забрзано чукање на срцето, слабост). Утре одлучувам: продолжи или прекин 240 часа – напиша Владо Георгиев на мрежата Икс.