Секоја година за дочек на Нова година белградските плоштади се преполни со луѓе, но овојпат тоа не беше случај, пишуваат медиумите во регионот.
Таму на 31 декември настапија Жељко Васиќ, Марина Вишковиќ и Харис Џиновиќ, но публика речиси и да немаше, според написите.
Инаку, на полноќ студентите застанаа и 15 минути молчеа во чест на жртвите во Нови Сад под настрешницата, но Харис продолжи да пее.
Во моментот на настапот на Харис, студентите протестираа на улиците на Белград, а нешто пред полноќ, во 23 часот и 52 минути започна 15-минутното молчење за да им оддадат почит на жртвите од несреќата што се случи на железничката станица во Нови Сад. Додека студентите молчеа, Џиновиќ продолжи да пее и неговиот потег налути многумина, а социјалните мрежи беа преплавени со снимки од неговиот концерт без луѓе.
„Има повеќе мобилни тоалети отколку публика“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Харис беше напуштен од неговата сопруга и напуштен од публиката. Сè со причина“.
Еден корисник на социјалната мрежа Икс потоа напиша: „Реално, Харис можеше да престане да пее на тие 15 минути. Ништо на тој мизерен, слабо посетен, пијан концерт немаше да се смени во тие 15 минути“.