Background

Пазарот на криптовалути чека да биде пуштен од ланците на регулацијата

Вредноста на биткоинот може да достигне неверојатни 5 милиони долари, односно да се искачи на вкупни 100 трилиони долари за сите биткоини кои постојат во светот, ако новоизбраниот американски претседател донесе неколку одлуки за таканеречно дебанкирање на неговиот прв ден во Белата куќа, пишува „Форбс“.

Магазинот го цитира Мајкл Сејлор од MicroStrategy, една од компаниите кои водат кампања против одлуката SAB121 од 2022 година на администрацијата во заминување на Џо Бајден која бара од компаниите кои се занимаваат со криптовалути да ги пријават средставата кои ги поседуваат.

Иако SAB121 не е експлицитна рестриктивна мерка, туку упатство за сметководители, таа влијаеше на економската атмосфера во последните години.

- Advertisement -
Ad image

Стопанствениците во САД стравуваат дека одлуката би можеле да се пренесе и на банките кои ќе треба да ги пријавуваат криптовалутите на своето салдо во мистериозна операција наречена ChokePoint 2.0, налик на слична операција од 2013 година која ги таргетирала индустриите за кои се смета дека се висок ризик за измама и перење пари.

Капиталистот авантурист Марк Андрисен во поткаст кај Џо Роган зборуваше дека повеќе претприемачи изјавиле дека администрацијата на Бајден пробала да ги притисне банките да не работат со компании кои се занимаваат со криптовалути.

Андрисен, кој е соработник на познатиот Дејвид Сакс, наречен крипто-цар, поддржуваше многу технолошки и крипто компании во компанијата VC позната како a16z.

Се смета дека Андрисен работи на дебанкирање и отфрлање на SAB121 во администрацијата на Трамп, заедно со милијардерот Илон Маск кој ја поседува криптовалутата Доге.

Трамп, кој самиот се нарече „крипто-претседател“, минатиот месец потврди дека планира да „фрли бомба“ на цената на биткоинот. Федералните резерви во САД се подготвуваат за можна криза.

– Тимот на Трамп многу јасно стави до знаење дека тоа е приоритет – изјави анонимен извор за „Вашингтон пост“.

Цените на биткоинот и на криптовалутите неодамна се вратија по ненадејнниот пат кој предизвика стравувања. Биткоинот сега се движи кон цена од 100.000 долари.

Останува да се види што ќе се случува во наредниот период.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation