Кралот на попот, Мајкл Џексон, остави зад себе огромен имот, но и таков кој е оптоварен со милиони долари долг.
Оттогаш, имотот е под управување на извршителите Џон Бранка и Џон Меклејн, а неговата вредност драматично се зголеми по смртта на Џексон во јуни 2009 година, на 50-годишна возраст.
Судот сега донесе одлука по тужбата поднесена од Парис Џексон за бонус исплати за трети адвокатски фирми во вредност од околу 625.000 долари.
Според судските документи, овие 625.000 долари треба да се вратат на имотот на Џексон.
Дел од пресудата, исто така, вклучува наредба да не се вршат неовластени бонус исплати на адвокатите на извршителите на Џексон.
– Извршителите не смеат да вршат никакви авансни исплати на бонуси на адвокати без писмена согласност од сите наследници или судска наредба… Приговорот на г-ѓа Џексон на бонус исплатата од 625.000 долари во втората половина од 2018 година е одобрен. Овие бонус исплати не биле овластени, туку забранети. Парите мора да се вратат во имотот – пишува во документите што ги пренесува „Ју-Ес викли (US Weekly)“.
Сепак, на извршителите им e дозволено да побараат дозвола за вршење такви исплати.
– Извршителите се овластени да поднесат барање за упатства доколку се појават околности во коишто веруваат дека е оправдано отстапување од оваа одредба – одлучи Судот.
И покрај спорот околу бонусите, Судот во документите од 13 мај ги пофали извршителите за нивното успешно управување со имотот.
– Треба да се напомене уште на почетокот дека овој имот, што беше на работ на пропаст во времето на смртта на Мајкл Џексон во јуни 2009 година, стана финансиска сила каква што е денес под стручно водство на извршителите – нагласи Судот.
Во текот на изминатите 17 години, извршителите и нивните адвокати обезбедија исклучителна услуга за имотот, а со тоа и за наследниците. Извршителите, како што рече Џон Бранка, создадоа вистинско и значајно генерациско богатство за наследниците – се наведува во документите.
Претставник на извршителите за „ТМЗ (TMZ)“ истакна:
– Задоволни сме што самиот суд ја призна и ја пофали работата на извршителите и нивните надворешни правни советници.
Сепак, тој додаде дека тие „не се согласуваат со одредени одлуки“ на судијата.
– Иако Судот претходно им доделил други бонуси на надворешни правни советници за исклучителни услуги и ова е првпат да се поднесе приговор, извршителите отсекогаш сметале дека правните трошоци се предмет на одобрување од Судот. Секогаш сме барале од надворешните адвокати да се согласат да ги вратат средствата на имотот доколку плаќањата не бидат одобрени. Иако не се согласуваме со одлуката, целосно ја почитуваме и ќе се придржуваме кон неа, изјави гласноговорникот.
Tagged as:
Парис Џексон поврати 625.000 долари исплатени на адвокатите на извршителите
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
