Полицијата на граничниот премин Дојран, според неофицијални информации, спречила обид за шверц на околу 10 килограми марихуана, која била внимателно сокриена во пластични пакувања со различни прехранбени намази.
Како што дознаваат медиумите, државјани на Македонија со рент-а-кар возило се обиделе дрогата да ја пренесат кон Грција. Марихуаната била распределена во околу 50 пластични кутии за да не предизвика сомнеж при граничната контрола.
Ова е уште еден случај што, според безбедносните извори, покажува дека контролите на македонските граници се значително засилени, а полицијата и царината со поголема внимателност ги откриваат обидите за прекуграничен криминал.
Само во изминатиот период, на истиот граничен премин бил спречен и обид за транспорт на поголема количина марихуана во товарно возило.
Од надлежните служби посочуваат дека криминалните групи постојано бараат нови методи за шверц, но и дека институциите успешно ги следат и пресретнуваат ваквите активности.
Полицијата и царината продолжуваат со засилени контроли на граничните премини со цел спречување на шверцот и другите форми на организиран криминал.
Повеќе детали за оваа заплена се очекува да соопшти директорот на Царинската управа Бобан Николовски ќе одржи прес-конференција во 11 часот на која ќе информира за случај на заплена од историски размери.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
